вторник, 14 април 2026

МАН повикува ЈО да ги заштити новинарите од Венко Филипче

Поради континуирани сериозни закани, навреди, клевети, политички притисок, загрозување на слободата на говорот и создавање непријателска атмосфера, заклучно и потенцирано со денешниот прес на Венко Филипче, претседател на СДСМ, кон сите професионални медиуми што не се под контрола на СДСМ, особено кон телевизијата „Алфа“, Македонската асоцијација на новинарите (МАН) го повикува Јавното обвинителство веднаш и неодложно да преземе мерки против Венко Филипче, претседател на СДСМ, за закани и напади кон службено лице, односно спречување службено лице во вршење службено дејство од член 382 од Кривичниот законик, се наведува во денешното соопштение -реакција на Македонската асоцијација на новинари (МАН).

Објавено на

часот

Сподели

„Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш и недложно да ги заштити медиумските работници кои се под континуирани сериозни закани од СДСМ, нивните функционери и претседателот на партијата Венко Филипче. Во согласност со Кривичниот закон, член 382 и 383, заканите кон новинар, снимател или друг медиумски работник кој врши професионална задача се третира како напад врз службено лице.

Ја повикуваме Агенцијата за аудиовизуелните медиумски услуги да застане во заштита на професионалните медиуми. Истовремено, известуваме дека МАН веќе е во комуникација и со Европската и со Светската федерација на новинарите за прогонот што СДСМ го прави против професионалните медиуми“, се вели во реакцијата на МАН.

Од асоцијацијата нагласуваат дека во континуитет, 20 години партијата СДСМ „прогонува, напаѓа, тепа, им се заканува на новинари и на медиуми што не се под нивна контрола“ и се посочува дека тоа се случува во мандатите на последнитетројца претседатели: Венко Филипче, Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

„Кривичната одговорност на Венко Филипче е јасна и недвосмислена.

Политичката одговорност на Венко Филипче, претседател на партијата СДСМ, е исто така очигледна.

Унгарија е членка на ЕУ и НАТО и како таква е неоспорна и неоспорена. И заедно со Словенија и Хрватска е најсилен поддржувач од земјите на ЕУ за наше членство во Унијата.

Тоа што Венко Филипче и во овој прес ги брани интересите на Бугарија и врши притисок врз новинари и врз партијата ВМРО-ДПМНЕ и тие да бидат во функција на бугарското вето е негова политичка одговорност и цена што СДСМ скапо ја плаќа на избори“, велат од МАН во реакцијата на прес-конференцијата на Венко Филипче.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ