сабота, 25 април 2026

Макотен: Клевети од ДУИ за сурови политички интереси

Макотен ДООЕЛ е компанија со странски капитал кој доаѓа од земја членка на ЕУ и секоја инвестиција реализирана во Македонија се прави исклучиво согласно позитивните законски прописи. „Казино Фламинго“ веќе 19 години приредува игри на среќа во хотелски комплекс на граничниот премин Богородица и речиси 6 години во срцето на Скопје во хотелот Мериот во деловен објект кој е наша сопственост, се вели во реакцијата на МАКОТЕН ДООЕЛ на денешната конференција за медиуми на Имране Велиу од политичката партија Демократска унија за интеграција – ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„Макотен е дел од групацијата ‘Новоматик Македонија’. Вкупната вредност на досега реализираните инвестиции надминува 80 милиони евра. Во континуитет поддржуваме различни граѓански иницијативи, проекти и реализираме бројни хуманитарни и донаторски активности. Манифестираме висока општествена одговорност преку хуманитарни и спонзорски активности во најзначајните општествени сфери, јавното здравство, спортот и културата.

Оттука, ја уверуваме јавноста дека како и досега, така и во иднина, нема со било кој нов инвестициски проект да си го нарушиме нашиот корпоративен углед на сигурен партнер на заедницата. ‘Казино Фламинго’ не црта градежни парцели, ниту се занимава со урбанистичко планирање. Секое тврдење дека имаме за цел да нарушиме нечие достоинство или да загрозиме земјиште каде има гробишта е чиста клевета со која недозволиво, за сурови политички интереси, се манипулира со најдлабоките верски чувства.

Земајќи го предвид погоре наведеното, апелираме да престанат суптилните обиди за злоупотреба на светски познатиот бренд ‘Kазино Фламинго’ во дневно-политички препукувања за да избегнеме неоснована штета врз нашиот корпоративен углед“, се вели во реакцијата на Макотен.

Велиу денеска обвини дека веќе се изведуваат градежни работи на гробиштата во Блаце каде се планира изградба на казино.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ