„Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална; исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време да се испорачуваат резултати“, изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет.
Кошта ќе ги посети шесте партнери од Западен Балкан, почнувајќи во Сараево во понеделник, 1 јуни. Во вторник, 2 јуни, претседателот Кошта ќе биде во Тирана, потоа ќе го посети Скопје, каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Следниот ден, среда, 3 јуни, Кошта ќе се упати кон Приштина, додека во четврток, 4 јуни, претседателот ќе го посети Белград. Турнејата ќе ја заокружи со посета во Црна Гора.
На 5 јуни, Кошта ќе биде копретседавач на самитот ЕУ-Западен Балкан. Главната тема на овој самит е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.
Во вторник во 18,30 часот во Скопје предвидена е заедничка прес конференција со премиерот Мицкоски.






