На тестирањето за стипендии ќе се одговара на прашања: по математика, физика, биологија, хемија, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата. Тестирањето за стипендии ќе се полага на македонски, албански, турски и на англиски јазик. За тестирањето не е задолжително познавање на англискиот и на турскиот јазик.
Доколку учениците се рангираат на првите 15 места на тестирањето ќе добијат попусти од износот на школарината
Тестирањето за стипендии ќе се одржи на 5 април (недела) во 11 часот.
За ПСУ „Јахја Кемал”- Скопје ќе се полага во самото училиште, а во другите градови како што следи: ООУ „11 Октомври“ – Куманово, ООУ „Ванчо Прке“ – Штип, ООУ „Блаже Конески“ – Велес и ООУ „Видео Подгорец“ – Струмица. ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
За ПСУ „Јахја Кемал” – Тетово – Боговиње ќе се полага во самото училиште.
За ПСУ „Јахја Кемал”- Струга ќе се полага во самото училиште а во другите градови како што следи: ООУ „Санде Штерјоски“ – Кичево и ООУ „Пенестиа“ – Дебар.






