„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока. Во несреќата две лица го загубија животот, меѓу кои и возачот на едниот автомобил, додека петмина се повредени“, информираа од Обвинителството.
Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од лице место, а ќе биде наредено и сообраќајно и машинско вештачење на автомобилите.
„Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, додека кај преживеаниот возач ќе биде испитано евентуално присуство на алкохол и други супстанции. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата“, соопштија од Обвинителството.






