„РЦУК – Штип, известува дека Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) -Штип вчера во 15:05 часот, добиена е пријава за пожар во атарот на село Долани, Општина Штип, зафатена голема површина каде што горело сува трева стрниште и нискостеблеста шума. На терен биле излезени ТППЕ-Штип со четири противпожарни (ПП) возила и 15 пожарникари, од ДПД-Штип две возила и шест доброволци , еден скип од Јавното претпријатие (ЈП) Стипион Штип, четири трактори кои направиле појас пожарот да не се движи кон селото, од ТППЕ-Радовиш едно возио и оператор на дрон, имало подршка од воздух при што авион на Дирекцијата за заштита и спасува (ДЗС) имало две празнења на вода. На терен имало и екипа од полицијата од Штип. По сведочењата од страна на еден селанец кој се здобил со лесни телесни повреди при обид за гаснење, пожарот бил подметнат од две непознати лица кои побегнале. Во 20:30 часот пожарот е изгаснат во целост , сите учесници се повлечени од терен“, се наведува во соопштението на РЦУК Штип.






