Иутекер (iuteCare) е доброволно осигурување кое во еден пакет комбинира патничко осигурување во Европа, второ медицинско мислење од меѓународни лекари, осигурување од незгода и помош на пат. На овој начин, производот носи поинаков пристап кон осигурувањето – не само како документ што се активира при штета, туку како реална услуга за критични ситуации кои можат да се случат во странство, за време на патување, но и дома.
Во период кога граѓаните сè почесто патуваат, а непредвидените ситуации можат да создадат сериозни финансиски и организациски предизвици, iuteCare е позициониран како практично, достапно и модерно решение за поголема лична сигурност, спојувајќи ги придобивките на класично патничко осигурување со дополнителни услуги, кои вообичаено не се дел од стандардните понуди на пазарот.
Наместо повеќе одделни полиси, сложени процедури и различни провајдери, iuteCare во партнерство со глобални и локални експерти отсега ќе нуди едноставно решение: комплетна заштита преку еднократна годишна претплата во износ од 1.490 ден, без комплицирани процедури и без непотребна администрација.
Услугата е достапна преку мобилната апликација MyIute, во само неколку клика – брзо, едноставно и дигитално.
Осигурувањето се активира само еднаш и има важност од една година, со покритие за патување до 30 последователни дена за секое патување, без разлика колку пати клиентот ќе патува во рамки на годишниот период на осигурување.
Во рамки на патничкото осигурување, iuteCare обезбедува покритие за итни медицински и стоматолошки трошоци при патување, итен транспорт, загубен, оштетен или украден багаж, како и доцнење на багаж. Исто така, корисниците добиваат пристап до второ медицинско мислење од меѓународни медицински експерти, осигурување од незгода и пакет асистенција за помош на пат и шлепување до 200 евра, достапен во Македонија и во сите соседни земји: Албанија, Косово, Србија, Бугарија и Грција.
„iuteCare го гледаме како следниот чекор во тоа како треба да изгледа осигурувањето за денешниот клиент: едноставно, дигитално и корисно во реални ситуации. Полисата и сите документи се достапни во Myiute мобилната апликација, а со една активација клиентот добива годишно патничко осигурување и асистенција во соработка со Allianz Partners, покритие до 30.000 евра и до 30 дена за секое поединечно патување, помош на пат преку АМСМ, второ медицинско мислење преку MediGuide и осигурување од незгода од СИГАЛ. На пазарот има добри поединечни осигурителни производи, но вредноста на iuteCare е во комбинацијата — патување, автомобил, здравствена експертиза и дигитална достапност во едно практично решение,“ посочува Борјан Колемишевски, извршен директор на осигурително-брокерско друштво Иуте сафе АД.
Како дополнителен бенефит за клиентите, премијата може да се плати преку опцијата „Плати подоцна“, со наменски кредит од Иуте и можност за одложено плаќање до 30 дена.
Со iuteCare, Иуте отвора ново поглавје во развојот на дигиталните осигурителни услуги и поставува нови стандарди за подостапно и помодерно корисничко искуство на домашниот пазар, прилагодено на современиот начин на живот.
Комерцијален текст






