недела, 27 април 2025

ИНРМ со предлог до РКЕ за измени на правилата за снабдување со електрична енергија

Здружението на инженери на Македонија (ИНРМ) продолжува со своите заложби за праведна наплата на потрошувачката за електричната енергија. Пред утрешната средба на претставници од здружението со Регулаторната комисија за енергетика, информираат дека упатиле предлог за измени на правилата за снабдување со електричната енергија.

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата заложбата за фер, прецизен и недискриминаторски систем на наплата на електричната енергија продолжува на 11 април на состанокот со членовите на Регулаторната комисија за енергетика. До нив упативме наш предлог за измени на правилата за снабдување со електрична енергија кој е резултат на конкретните приговори од граѓаните и потребата од системско решение без вршење на проценки, туку наплата според реално измерената потрошувачка.

Со нашиот предлог предвидуваме да нема сомнителни фактури базирани на ‘претпоставки“ туку да има редовно месечно читање на струјомерите и секој потрошувач да добива сметка според реалната, а не според некаква проценета потрошувачка. Во случаите кога не е прочитано броилото на време ЕВН да врши автоматска корекција на сметките без поднесување на приговори од страна на потрошувачите“, наведуваат од ИНРМ во соопштението до јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ