Ќе се постави нов полипропиленски под, ист како оној што се користи на летните Олимписки игри, а ќе се изградат и трибини, ќе се постават нови кошеви и фудбалски голови. Во исто време, темелно ќе се обнови и постојното детско катче, кое беше во руинирана состојба и небезбедно за користење. По завршувањето на проектот, оваа локација ќе се трансформира во модерен комплекс за спорт, рекреација и безгрижна детска игра. Реконструкцијата е заедничка инвестиција на Општина Кисела Вода и Министерството за спорт.
Игралиштето кое се наоѓа во населбата 11 Октомври-Згради, покрај трим патеката, ќе добие полипропиленски под, кој официјално се користи за летните Олимписки игри.
Добива и трибина, нови кошеви, голови за фудбал – сѐ на сѐ еден модерен спортски комплекс за здраво живеење. Комплетно го реконструираме и детското катче кое се наоѓа во непосредна близина на игралиштето, кое беше значително руинирано и небезбедно.
„Ова е само уште еден од низата проекти за нашите најмлади. Се работи за заеднички финансиски проект помеѓу Општина Кисела Вода и Министерството за спорт, за што сакам искрено да се заблагодарам на министерот за спорт Борко Ристовски за неговата поддршка и развојот на спортската инфраструктура во нашата општина. Со неговата посветеност и визија, младите денес имаат десетици нови спортски терени“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.