Од вкупниот број туристи во февруари, 32,6 проценти се домашни, а 67,4 проценти странски.
Најмногу странски туристи во февруари имало од Турција, 5.011, по што следуваат Грција – 3.523, Србија – 3.278, Германија – 2.181…
Бројот на ноќевањата во февруари 2026 година изнесува 94.652, од кои 38,1 проценти се од домашните туристи, а 61,9 процент од странските туристи.
Во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6 проценти, односно кај домашните туристи има зголемување за 5,1 проценти, а кај странските има зголемување за 6,5 проценти.
Кај вкупниот број на ноќевањата, во периодот јануари – февруари годинава во однос на истиот период од претходната година, има намалување за 1.6 проценти, при што кај домашните туристи има намалување за 0,2 проценти, а кај странските за 2,6 проценти.






