Пред министерката Сања Божиновска Узунчев ги презентираше позитивните финансиски резултати за првиот квартал од 2026 година.
„Ова претставува силен сигнал дека процесот на финансиска консолидација на компанијата веќе дава конкретни резултати. Со одговорно управување и максимален ангажман, се очекува вториот квартал од годинава да биде заокружен со уште подобри финансиски биланси. Со целосна посветеност кон енергетската безбедност и макроекономската состојба на државата, компанијата во изминатите две години започна силен инвестициски циклус за изградба на нови капацитети. Овие проекти во моментов се наоѓаат во различни фази, од почетно иницирање до директна теренска реализација, и ќе создадат платформа што ќе обезбеди стабилна енергетска иднина на Македонија“, рече Узунчев.






