Утре, петок, 29-ти октомври, Фешн груп со точна утврдена агенда и протоколи, има изненадувања за секој посетител, почнувајќи од 10 часот за децата во Окаиди во присуство на Црвениот крст на Град Скопје и нивните штитеници, 10:30 часот во Парфиос, брендот Спрингфилд од 11, Тимберленд 11:30 часот, со музичка забава Фешн енд френдс точно напладне, Манго 12:30 часот и Ден Џон во 13:30 часот.
Како алтернатива на сета онаа удобна облека на која навикнавме изминатите две години, оваа сезона во полн сјај доаѓа единствената класика прикажана преку тренди парчињата на омилениот бренд Манго, овојпат, со двојно засилување: машка и детска колекција.
„Говорејќи за рафинираната естетика и стил, со големо задоволство го најавуваме отворање на новата продавница за мажи – Dan John, како еден од омилените директно од Италија. Промоцијата ќе се случува токму во 13:30 часот со супер возбудлив настап на познати машки танчери кои со точка во стилот на „Great Gatsby“, ќе претстават дел од колекцијата на Dan John, проследено со многу изненадувања за новите клиенти“, најавуваат од Фешн груп.
Ве очекува исполнет ден во сите продавници на Фешн груп кои ве покануваат да се придружите за да го прославите заедно отворањето на новите продавници со кои започнуваат ново поглавје во Ист гејт мол.
Комерцијален текст






