среда, 15 април 2026

Во потрага по помалку штетни алтернативи на цигарите

Објавено на

часот

Сподели

Цигарата согорува распарчени листови од тутун за да произведе чад. Тој чад содржи никотин, кој природно се наоѓа во тутунот, како и многу штетни хемикалии. Токму овие штетни хемикалии – а не никотинот – во чадот од цигарите се примарните причини за болестите поврзани со пушењето.

Компанијата „Филип Морис интернешнл“ развива алтернативи на пушењето и се фокусира на два начина кои го елиминираат согорувањето на тутунот. Иако овие производи не содржат чад, тие имаат никотин и вкус што можат да ги задоволат постоечките возрасни пушачи. Првиот е да се загрее тутунот за да се создаде вкусна пареа што содржи никотин, со значително намалување на нивото на штетни хемикалии во пареата. Другиот начин е да се произведе пареа што содржи никотин (без употреба на тутун), што ги задоволува возрасните пушачи.

Ајкос и Лили солид 2.0 (IQOS и Lil SOLID 2.0) се алтернативи без чад наменети за возрасни кои инаку би продолжиле да пушат или да користат други производи кои содржат никотин. Се работи за електронски уреди кои не создаваат чад како цигарите. Но, постои една карактеристика што го разликува IQOS уредот од електронските цигари: Спротивно на испарување на е-течност, IQOS го загрева вистинскиот тутун, притоа ослободувајќи аеросол.

Развојот и проценката на овие производи трае многу години. По повеќе од една деценија инвестиции, сега ја имаме науката, технологијата и синџирот на снабдување за да се произведат и понудат овие производи на пушачите ширум светот.

Нудејќи разновидно портфолио на потенцијално помалку штетни производи, Филип Морис верува дека може побрзо да префрли уште поголем број возрасни пушачи на овие алтернативи, а истовремено да има позитивно влијание врз јавното здравје.

 Комерцијален текст

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ