Каде што дозволената гранична емисиона вредност е 30 mg/Nm3, на мерната точка „Оџак на Пескара“, во текот на цела година измерените вредности се движат од 0,32 mg/Nm3 во јануари до 7,63 mg/Nm3 во декември, додека највисоката вредност е измерена во ноември и изнесува, 11,93 mg/Nm3. Емисионите вредности на втората контролна точка „Оџак од филтер постројка“, каде пропишаната гранична емисиона вредност е 20 mg/Nm3, исто така во текот на целата година се околу десет пати пониски од дозволените и се движат од најниската 0,28 mg/Nm3 измерена во октомври до 2,47 mg/Nm3 во јуни, а највисоката што е измерена во јули изнесува 8,08 mg/Nm3 и е повеќе од двојно пониска од граничната.

Регистрираните вредности, на двете мерни точки се пониски и од дефинираните гранични емисиони вредности во А-интегрираната еколошка дозвола и од пропишаните европски гранични емисиони вредности. Ова е потврдено и од Државниот инспекторат за животна средина при чијашто контрола е констатирано дека нема отстапувања на емисиите од дозволените вредности. Инаку, Државниот инспекторат за животна средина во текот на целата година врши чести како најавени, така и ненајавени контроли на контролните точки.
Макстил, согласно својот општествено одговорен однос кон заедницата, а со цел максимално намалување на вредностите на емисија на цврсти честички спроведе обемни инвестиции во современи технолошки процеси за контролирање на производството и редуцирање на емисиите, соопшти компанијата.






