Актуелниов период, тие ги претставија нивните нови колекции во кои се содржани можеби најубавите парчиња што сте ги виделе досега, почнувајќи од шик модели на облека, па сè до накит и модни додатоци кои дополнително ќе ги разубават студените денови.
Како и секогаш, инспирација за есенските колекции на брендовите на Фешн груп (Fashion Group) се урбаните момци и девојки кои секогаш имаат што да кажат, но и оние со долгогодишен шик стил чии комбинации секогаш се омилени низ градските улици.
Наклонетоста кон едноставната софистицираност се чини ќе биде омилена и оваа есен, па не двоумете се и одберете од топлите парчиња со потпис на Спрингфилд (Springfield) и Манго (Mango), бидете урбани во секој миг со парчињата од брендовите на Фешн енд френдс (Fashion&Friends) и целосно предајте му се на вашиот спортски дух со Супердрај, Левис и Тимберленд (Superdry, Levi’s,Timberland).
За сосема нежна есен исполнета со ултра удобни парчиња за сите слободни моменти, не заборавајте да ја погледнете и новата колекција на Women’secret полна пижами во кои ќе сакате да останете во текот на целиот ден, долна облека од нежни материјали како никогаш досега, но и шик додатоци за целосно доживување.
Совршениот спој на тренди парчиња во неутрални есенски бои ќе го најдете и во новата колекција на секогаш омилените Guess, од која ќе имате можност да одберете од стилските чанти во сосема нови изданија во кои дамите се вљубуваат одново секоја сезона.
Доколку сè уште немавте можност да го подготвите вашиот плакар за новата омилена сезона, следниве денови се совршен миг за тоа.
Целосно препуштете ѝ се на вашата креативност во која секогаш веруваме, а во продавниците на Fashion Group ве очекува одговорот на секоја ваша модна дилема за студената сезона која секогаш знае да биде полна убави изненадувања!
Комерцијален текст






