Полео спорт ве поканува да се придружите на отворањето и да уживате во богатата понуда на суплементи, био и здрава храна, спортски часовници, фитнес опрема, облека и сѐ што ви треба за вежбање и здрав начин на живот.
Новата продавница ги отвора вратите во Ист гејт мол на 29-ти октомври во 10 часот наутро.
На денот на отворањето, Полео спорт (Polleo Sport) ги подготви најдобрите попусти!
Акции на производи по намалени цени цел ден, облека, опрема за тренирање и суплементација од водечките брендови во споменатите категории, како што се: Optimum Nutrition, MЕ:F1RST, Myprotein, Scitec Nutrition, Atleticore, BSN, Under Armour, QNT, Garmin, FitBit и многу други.
За сите ранобудни има специјална HAPPY HOUR понуда од 10 до 11 часот која носи ексклузивна акција – 35% попуст на MЕ F1RST Whey 2.27.
Во продавниците на Полео спорт работи високо едуциран персонал кој го промовира концептот на здрав живот, чија цел е едукација и подигнување на свеста за тоа колку е важен активниот живот.
Како регионален и европски лидер во индустријата за спортска исхрана и фитнес опрема, Полео спорт расте и се подобрува од ден за ден, за да им го овозможи на своите клиенти најдоброто од палетата на светски брендови.
Носител е на престижниот сертификат за квалитет Субербрендс (Superbrands), како и на Грин супербрендс (Green Superbrands) ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност.
На 29 октомври уживајте во супер промоциите на Полео спорт во Ист гејт мол.
Супериорна забава во лавовски стил е загарантирана!
Комерцијален текст






