среда, 15 април 2026

Пендаровски: Масовната вакцинација придонесува за закрепнување на економијата

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот рече дека за оваа тема во целиот свет се дебатира интензивно и темелно и порача дека е најважно сите дискусии да бидат водени врз база на реални податоци, со цел, креаторите на економските политики да предложат решенија. Зборувајќи за светските економии, шефот на државата рече дека забележани се огромни падови на бруто националните производи, берзански шокови и загуби во речиси сите индустрински гранки, потенцирајќи дека сите земји во светот сѐ уште се борат да го заштитат здравјето на своите граѓани, но и да ги неутрализирааат штетните економски последици.

Осврнувајќи се на нашата економија за која рече дека не е исклучок од светските трендови, Пендаровски посочи на донесените мерки, чија цел беше да се минимизираат загубите во економијата и да им се помогне на најзагрозените сектори.

„Јасно е дека загубите се огромни и ќе треба време за опоравување на македонското стопанство, кое и пред пандемијата не беше во завидна состојба. Но, она што е значајно е дека веќе имаме доволно информации и анализи за да процениме кои одлуки биле погрешни и не треба да се повторуваат, а кои продуцирале позитивни ефекти“, оцени претседателот Пендаровски.

Според него, нашето членство во НАТО, освен безбедносната компонента, на среден и на долг рок се очекува да резултира и со поголема економска стабилност и предвидливост, како и нови перспективи во инвестиционата сфера. Пендаровски зборуваше и за застојот во евроинтеграцискиот процес, при што нагласи дека е предизвикан од блокада, чии аргументи се во спротивност со вредностите што ги претставува Европската Унија како концепт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ