Со отворањето на експозитурата во Ист гејт, УНИ банка се издвои како единствена банка на пазарот која секој ден од понеделник до недела од 10 до 21 часот на своите клиенти ќе им обезбеди брз и квалитетен пристап до финансиско советување и можност за непосредна комуникација со банката.
,,Експозитурата во трговскиот центар Ист гејт мол е уникатна на банкарскиот пазар во целосно отворен стил и природно зеленило со кое допринесуваме за квалитетот на воздухот и чистата еко средина во главниот град. Посебно задоволство ни претставува тоа што овозможивме достап до нашите услуги преку директен контакт во експозитурата вклучувајќи и можност за одобрување и исплата на кредитни производи надвор од работно време на клиентите“, велат од банката.
По повод отворањето на новата експозитура, УНИ банка ги наградува сите нови клиенти кои ќе аплицираат за потрошувачки кредит, овердрафт или кредитна картичка до 31 декември со ослободување од административен трошок за разгледување и обработка на кредитно барање, како и бесплатно за првата година осигурување на живот од Кроациа осигурување – живот, за одобрено дозволено пречекорување или лимит на кредитна картичка.
Комерцијален текст






