„Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе и имавме доволно домашно производство немаше да купуваме енергија по 17 денари, за да ја продаваме 3,5 денари, туку ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена. Но наместо вистината, претседателот на РКЕ се слика и дава интервјуа за правдање на укинувањето на дневната евтина тарифа“, рече Николов, според кого компаниите кои набавуваат на слободниот пазар СДСМ ги остави да тонат во долгови поради пропаѓање на снабдувачите и повисоките цени на берзите, под изговор дека се работи за облигациони односи.
Николов рече дека требаше да им се помогне и на компаниите кои не се дел од регулираниот пазар.
„Но, за жал СДСМ отсекогаш сакала само евтини ПР кампањи и бонбона бизниси. Затоа ја донесоа енергетиката до оваа состојба, за што народот уште долго време ќе чувствува последицие“, нагласи Николов.






