недела, 19 април 2026

Нема чума кај овците и козите, Македонија може да извезува

Објавено на

часот

Сподели

„Добивањето на сертификатот за слободна земја од оваа болест, согласно препораките од Научната комисија за болести кај животните и Светското собрание на делегати на ОИЕ, претставува основа за полесен пристап до меѓународните и за отворање на нови пазари, но и мотив за уште поголемо унапредување на овчарството и козарството во земјава“, изјави Бабовски.

За добивање на статусот слободна земја од болеста чума кај мали преживари, посочи, АХВ до ОИЕ минатата година достави апликација и досие во кое детално беше наведена состојбата со болеста во земјава, постоечките контролни системи и поставеноста на ветеринарната служба, надзорот и други податоци релевантни за добивање на овој статус. Болеста чума кај малите преживари, додаде, не е опасна за луѓето, но, причинува големи економски загуби кај овците и козите.

„Болеста задолжително се пријавува во ОИЕ и затоа и покрај добивањето на статутот слободна земја од болеста чума кај малите преживари, Агенцијата за храна и ветеринарство има обврска за задолжително информирање на ОИЕ за тековната и за евентуална промена на епидемиолошката состојба со болеста чума кај малите преживари“, потенцира Бабовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ