недела, 19 април 2026

На ребалансот на Буџетот се поднесени 222 амандмани, од нив 153 се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Објавено на

часот

Сподели

„Комисиската расправа ќе трае 10 дена и преку неа, преку одговорна дебата ќе понудиме соодветно образложени аргументи и објаснувања, потврдувајќи ги фактите дека понудениот ребаланс е одлика на една неодговорна власт која ниту се обидува, ниту пак сака да размислува стратешки и перспективно и во интерес на државата и нејзините граѓани“, рече Муцунски.

Пред новинарите ја критикуваше власта за јавниот долг во земјава кој го достигнал највисокото ниво во нашата историја.

„Сите ние должиме над 7 милијарди евра, што претставува 63% од Бруто домашниот производ. Нашата држава никогаш не била позадолжена. СДСМ кога ја презеде власта во Република Македонија јавниот долг изнесуваше 4,7 милијарди евра и беше на ниво од 46%. За само 4 години владеење на СДСМ јавниот долг е зголемен за нови 2,4 милијарди евра.

Владејачката структура ни објаснува дека со ребалансот се зголемувале капиталните расходи и велиме тоа е одлична вест, но доколку ова ветување беше дадено од страна на Влада што знае да гради и исполнува. За жал вистината е сосема поинаква.

Ако пред 2018 година, 10% од Буџетот се трошел на капитални расходи, сега тој процент е помеѓу 6 и 7. Се ветува дека ќе се намали ДДВ-то на струјата, но фактички цената на струјата согласно посебната одлука на Регулаторната комисија за енергетика гледаме дека расте“, изјави Муцунски.

Според него, овој ребаланс потврдува дека Македонија се наоѓа во длабока економска криза.    

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ