среда, 15 април 2026

Министерот за земјоделство гарантира откуп на грозјето

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе се заложам сите сорти грозје да бидат опфатени со помошта од два денара за килограм. Владата навистина е на страната на земјоделците, за што зборува и фактот дека во 2020 година и покрај економската криза предизвикана со пандемијата, државата исплати 20 милиони евра за лозарството, дел за субвенции а дел преку ковид – пакетите“, кажал Хоџа.

На состанокот присуствувале и директорот на Инспекторатот за земјоделство Зоран Шапуриќ и градоначалникот на Неготино, Тони Делков.

„Инспекторатот е на терен, сита ваги се баждарени, а во наредните денови инспекциските контроли ќе бидат уште повеќе засилени“, кажал Шапуриќ.

Тој и министерот на лозарите им порачале доколку имаат проблем во проценката на тежината, шеќерноста или откупната цена, веднаш да ги известуваат на телефонските броеви, со цел никој да не биде оштетен, а откупот на грозје да тече како што е договорено.

„Ова особено важи доколку винарските визби не ги почитуваат цените кои се јавно истакнати, секој земјоделец е повикан да пријави направилност веднаш. По пријавите за неправилност, веднаш ќе бидат испратени инспектори да ја утврдат фактичката состојба“, ветиле Хоџа и Шапуриќ.

Градоначалникот Делков повторно информира дека Општината објави повик за пријавување штети предизвикани од суша и ги повика сите оштетени да аплицираат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ