сабота, 13 јуни 2026

Кузеска: Со поскапување на струјата за само 9,48 отсто го заштитивме стандардот на граѓаните

Објавено на

часот

Сподели

Кузеска рече дека со актвирањето на сите расположливи енергетски капацитети за домашно производство на струја, значително се придонесе, како што нагласи, поскапувањето да биде минимално.

„Иако опозицијата најавуваше поскапување и до 40% со што ја покажа својата неспособност. За дополнителна заштита на граѓаните со пониски примања во Буџетот се обезбедени средства за помош на ранливите семејства. Со 60 милиони денари финансиска помош 7.500 семејства ќе добијат 600 – 800 денари субвенционирање на сметките за електрична енергија. Македонската економија е стабилна и ликвидна и има капацитет да се справи со сите предизвици што ги носи енергетската и здравствената криза”, рече Кузеска.

Според портпаролката на СДСМ, бројките кажуваат дека 2021 година имаше добри економски показатели.

„Растот на економијата е над 4%, приходите се зголемени што докажува дека економските мерки коишто ги реализираше Владата предводена од СДСМ дадоа резултат. Во буџетот веќе има слободни 130 милиони евра, во наредниот период ќе следуваат и други антикризни мерки за помош и на граѓаните и на стопанството. СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство коишто ги предводи ќе продолжи со носење и реализирање мерки и политики кои се со цел ублажувње на последиците од кризата, а воедно и го забрзуваат економскиот раст и го унапредуваат животниот стандард на граѓаните”, изјави Кузеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ