Со цел да се постигне уникатна содржина, како ексклузивен лизинг агент беше ангажиран тимот на специјализираната консултантска компанија за недвижности „Cushman&Wakefield/FortonMKA“ кој заедно со тимот на Ист гејт мол интензивно работеше на миксот од 250 интернационални и локални брендови во последните три години.

Месец Септември за Ист гејт мол значи интензивен месец со динамично темпо на подготовка и опремување на локалите од страна на брендовите, кои ќе бидат дел од новата дефиниција за шопинг.
Исклучителното дизајнерско решение од реномираниот архитект Керем Јазган веќе ја добива својата финална форма и наговестува голема посетеност поради уникатниот екстериер и ентериер кој ја нагласува мултифункционалната природа на Ист гејт мол.

Една од најмаркантните карактеристики на трговскиот центар е разиграната фасада, која ќе му даде еден поинаков, модерен изглед на центарот, по што ќе биде примамлив и за посетителите, но и за случајните минувачи.
Комерцијален текст






