сабота, 13 јуни 2026

Грчката ДЕСФА стана акционер во Гастрејд, гасоводен крак ќе води кон Македонија

Објавено на

часот

Сподели

ДЕСФА преку соопштение за македонските медиуми информира дека се стекнуваат со 20 отсто од акционерскиот капитал на Гастрејд.

Договорот за трансфер на акциите го потпишале извршниот директор на ДЕСФА, Мариа Рита Гали и Константинос Сифнаиос, потпретседател и проект менаџер, во име на основачкиот акционер и претседател на одборот на Гастрејд, Елмина Копелузу, во просториите на Гастрејд во Атина.

Големиот енергетски капацитет во Александрополис се гради под заедничка контрола на Гастрејд од страна на ДЕСФА, DEPA Commerce AE, GasLog Cyprus Investments Ltd. и бугарската Bulgartransgaz EAD.

Во соопштението се вели дека изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG) на Александрополис активно ќе придонесе за енергетската безбедност, ликвидноста и ефикасноста на Грција и ќе ја зајакне стратешката улога на Грција во Југоисточна Европа, нудејќи можности за нов извоз на природен гас во регионот.

Покрај гасоводниот крак кон Македонија, гасот од Александрополис ќе може да се извезува кон Бугарија, Србија, Романија и Украина.

Ова е клучен европски проект од заеднички интерес (PCI – Project of Common Interest – EU Regulation 347/2013), кој е приоритет за Европската Унија, бидејќи ја зајакнува безбедноста и ги диверзифицира изворите и правците на снабдување со енергија.

Дополнително, проектот поттикнува конкуренција меѓу добавувачите на гас и го поддржува создавањето на центар за трансакции во поширокиот регион на Југоисточна Европа, што ќе доведе до пониски цени од кои ќе имаат корист сите крајни потрошувачи.

Гасниот капацитет во Александрополис ќе биде поврзан со Националниот систем за пренос на природен гас на Грција со цевковод долг 28 километри. Се очекува терминалот да биде оперативен до 2023 година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ