
Согласно Законот за енергетика кој што е одобрен од Енергетската заедница, РКЕ не смее да издава лиценци за трговија со ЦНГ со оглед на фактот дека пазарот на природен гас во земјава е целосно либерализиран уште од 01.01.2015 година.
„Регулаторната комисија за енергетика единствено ги утврдува тарифите за пренос и дистрибуција на природен гас, ние не издаваме лиценци за трговија со ЦНГ, затоа што пазарот на природен гас е либерализиран веќе 7 години. А одлука за замрзнување на цени носи Владата“, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Во објаснувањето од РКЕ се наведува дека природниот гас кој се транспортира во посебни боци, при што истиот е во компримирана состојба, ЦНГ или често викан „метан“ може слободно да се тргува без лиценца. Набавката и продажбата на компримираниот природен гас може да го врши секое правно и физичко лице за свои потреби, а цената на овој енергенс не е регулирана и истата слободно се формира од страна на трговците со ЦНГ.






