Вели дека проблемите во енергетиката се причинети од големите ценовни шокови на берзите, особено во ОПЕКС.
„Кризната состојба е прогласена сѐ со цел да можеме ние како Влада да вбризгуваме средства во зголемување на ликвидноста за потребите на МЕПСО, а секако и за потребите на ЕСМ за да го зголемат и нивното производство, да набават јаглен. Секако и МЕПСО да ги плаќа сите тие количина на електрична енергија кои ненајавено ги има преземено од меѓународната мрежа“, рече Бектеши.
Уверува дека во Македонија нема енергетска криза.
Направена е само промена на Уредбата за може државата директно од Буџет да префрла пари директно во енергетските компании.






