петок, 7 ноември 2025

Државна лотарија: Нелегални интернет платформи неовластено го користат нешето име и лого

Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при изборот на интернет платформи и да учествуваат исклучиво преку официјалните канали на Државна лотарија, со цел да се заштитат од можни злоупотреби. Да учествуваат во игри на среќа, кои се транспарентни, регулирани и одговорно приредени, соопшти компанијата.

Објавено на

часот

Сподели

Државна лотарија, како единствено овластено друштво за приредување игри на среќа во Македонија, ја информира јавноста дека исклучиво таа има законско право да приредува лотариски, инстант лотариски и интернет игри на среќа на територијата на државата.

Секоја појава на трета страна, која неовластено користи визуелни елементи, лого или други обележја што претставуваат интелектуална сопственост на Државна лотарија, претставува нелегално користење и кршење на законските прописи, со што се доведува во заблуда јавноста и се нарушува довербата во легалниот систем за игри на среќа, соопшти Државна лотарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ