петок, 17 април 2026

Димитријевиќ: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски

Христијан Мицкоски повеќе не се крие –тој е обвинител, судија, кој однапред нарачува судски процеси против опозицијата и неистомислениците. Од позиција на премиер, Мицкоски јавно најавува кривични прогони, таргетира конкретни луѓе од опозицијата и нивните семејства со однапред напишани обвиненија. Неговото „имам чувство“ го диктира стравот, затоа што знае дека ќе мора да се соочи со одговорноста, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Но, ова е скандал од невидени размери и претставува целосно уривање на правниот и уставниот поредок и за ова мора да понесе одговорност. Изјавата на Мицкоски е сигнал дека судството и обвинителсвото се претворени во алатка за политичка одмазда и прогон на неистомислениците. Методи својствени на авторитарни режими какви што демократскиот систем не познава.

Затоа, СДСМ денеска поднесе Кривичната пријава против Христијан Мицкоски за кривичниете дела: злоупотреба на службената положба и овластување (член 353, ст. 1 од КЗ), повреда на рамноправноста на граѓаните (член 137, ст. 1 и ст. 2 од КЗ), загрозување на сигурноста (член 143, ст. 1 од КЗ)“,  наведе Димитријевиќ.

Од СДСМ побараа Јавното обвинителство веднаш да постапи по кривичната пријава, да го повика Мицкоски на распит и да се спречи понатамошно загрозување на правниот поредок.

„Нека докаже Јавното обвинителство дека никој не е над законите и дека може независно да постапува, а не само по нарачки. СДСМ нема да се повлече пред заканите. Мицкоски нарачува процеси мислејќи дека со тоа ќе нè исплаши и ќе ја запре нашата борба против неговата криминална организација. Се лаже! Нема да запреме! Не се плашиме! Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, порачуваат од СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ