Оттаму информираат дека на територија на цела држава до 12 часот имало уште неколку активни пожари, во село Шутово, општина Кичево и во село Горенци, Општина Центар-Жупа. Два активни пожари има во општина Бутел, во Визбегово, пат за Горно Оризари и на улица „5“ во Визбегово.
Изгаснат е пожарот на територија на општина Гевгелија, на планина Кожуф (приземен пожар).
Иако читатели на МКД.мк информираат и за пожар на депонијата над скопско Арачиново, од ЦУК зсега нема потврда за ваквата информација.






