„Но, светот е мал, па вистината се дознава прилично брзо. Би сакал да го прашам господинот Жерновски, дали автомобил марка ‘мерцедес’ со регистарски таблички SK 8888 ZA е во негова сопственост? Ако да, зошто не е пријавен во имотниот лист кој го има во ланскиот извештај?

Колкава е цената на овој ултра модерен мерцедес со регистарски таблички со негови иницијали? До исчекување на одговор, видете ја насловната фотографија и сѐ ќе ви стане јасно“, напиша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Манасиевски на својот фејсбук-профил.






