„Дополнително на тоа, Герасимовски има негатива од 6.300 гласа за него од претходните парламентарни избори 2024 година. Таа негатива само ќе следи на овие избори“, вели поранешниот градоначалник на Центар од редовите на СДСМ.
Тој вели дека не е лут на СДСМ, туку само укажува на тоа што не чини во партијата и негира дека молчел кога бил градоначалник. Богдановиќ рече дека Зоран Заев е човекот кој го тргнал од политиката и не му дал шанса за втор мандат.