вторник, 2 јуни 2026

Автопатот Требениште – Струга – Ќафасан ќе се гради, нова рута со УНЕСКО

Изградбата на автопатот Требениште – Ќафасан не е довeденa во прашање. Во соработка со УНЕСКО ќе се утврди неговата траса, вели министерот за транспорт Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

Според него, од УНЕСКО велат дека оваа траса е проблематична, но ќе се види финално што ќе кажат на крај на јуни, почеток на јули. Како што информираат од Министерството за транспорт, Николоски нагласува дека ќе се направат сите напори да се покаже дека трасата е добра.

„Ние ќе се бориме да ја одбраниме трасата и велиме дека е добра. И на крај ќе пресечеме крај на јуни, почеток на јули. Ако нашите аргументи победат, ќе градиме по таа траса. Ако нашите аргументи не победат, ќе градиме по траса која што е малку подолу. Но, повторувам, не е прашањето дали, прашањето е по која траса ќе го гардиме автопатот Требениште – Ќафасан“, нагласува вицепремиерот Николоски во поткастот “Риштази”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ