понеделник, 10 ноември 2025
Локални избори 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за две телевизии за непочитување на изборниот молк

Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, а врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). на денешната 15 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел, соопштија од Агенцијата.

Објавено на

часот

Сподели

Како што појаснуваат од АВМУ, двете телевизии на 19 октомври при известувањето за време на вториот ден од изборниот молк, емитуваа изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, носител на функција во орган на власта. ТВ Вистел во два наврати емитувала прес-конференција на министерот Тошковски, додека ТВ 24 Вести во вестите во 10 часот емитувала изјава од истиот министер.

Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ 24 Вести е достапен на линкот.

Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ Вистел е достапен на линкот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ