сабота, 19 април 2025

Ангелов апелира надлежните да ги затворат двете шахти во Аеродром додека некој не пропаднал (ВИДЕО)

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево алармираа за две отворени шахти во општина Аеродром, што претставуваат опасност за граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

Како што појаснуваат, минатата седмица преку социјалните медиуми биле пријавени две отворени шахти, едната спроти трговскиот центар Скопјанка, а другата веднаш по подземниот премин на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, зграда број 28, пред Спортлајф.

Како што наведуваат од ЦУК, веднаш биле информирани надлежните од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ на Град Скопје. Оттаму им било кажано дека и двете шахти се во сопственост на станарите и деловните објекти во околните згради.

Објавено е и видео на Јутјуб каналот на ЦУК, каде директорот Стојанче Ангелов упатува апел за итно преземање мерки околу шахтата спроти ТЦ Скопјанка. Тој нагласува дека постои ризик, граѓани да добијат сериозни повреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ