„Со многу ентузијазам го направивме ова физичко издание на МОТ и не згрешивме. МОТ-овската публика со уживање ја проследи меѓународната програма и независната домашна театарска продукција, која беше прифатена со одушевување. Без воздржувања констатиравме дека независната театарска продукција го обели образот на македонскиот театар, и ги покажа своите потенцијали за развој, бидејќи билетите за претставите беа продадени неколку дена однапред”, вели Русе Арсов.
И покрај ограничените капацитети во просторите каде се одвиваа претставите, според важечките протоколи за одржување настани, репертоарот на годинешниот МОТ го проследија повеќе од 1.700 лица.
Фестивалска програма составена од 26 претстави беше реализирана со поддршка од Министерство за култура и Град Скопје.





