
Инаку, годишните конкурси беа објавени на 4 октомври, а Министерството за култура, како што стои во соопштението, е во постојан контакт со корисниците преку отворените телефони и е-адресите наменети за техничка поддршка на апликантите.
„Тековно ги решаваме отворените прашања со цел секоја апликација да е успешна и секој корисник лесно да го изврши пријавувањето. Како што најавивме, со оваа апликација се забрзува целиот процес – од пријавување до изготвување решение. Со затворањето и испраќањето на пријавата, секој корисник автоматски добива архивски број на неговата е-адреса. Така, можеме да информираме дека до денеска има пристигнато околу 600 пријави“, велат од Министерството и повикуваат, „од практични, технички причини, да не се чека последниот миг за поднесување на пријавите“.





