„Ехо од длабочината” е поетичен, интерактивен ВР перформанс кој ја истражува кревката убавина на Охридското Езеро и еколошките предизвици со кои се соочува. Овој перформанс составен од два дела, најпрвин ги носи гледачите на патување низ езерото преку виртуелна реалност, а потоа преку интеракција со актерите ги соочува со фактите за еколошките закани со кои се соочува овој екосистем. Перформансот завршува така што на секој гледач му се дава можност да испрати своја порака во врска со доживувањето.
Ко-продукцијата е на Eho Animato (Белград), LOOP (Атина) и Oyoun (Берлин). „Ехо од длабочината“ премиерно беше изведена во Берлин во мај 2025 година, спојувајќи технологија и активизам со цел да се преосмисли театарот како простор на еколошка и емоционална поврзаност во рамки на проектот PROSPER, кофинансиран од Европската Унија.
Режијата е на Нина Николиќ и Борјан Стојков, а претставата ја изведуваат Саша Ханџиќ и Благој Веселинов.






