сабота, 30 мај 2026

Во МКЦ вечерва премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“

Објавено на

часот

Сподели

Се работи за модерна преработка на истоимената драма од Томе Арсовски, која поставува широки и тешки морални прашања за општеството во кое живееме. Како кореографи на танцовата кореографија се запишани младите Јована Зајкова и Бобан Русески, кои се основачи и членови на креативниот колектив „X Squared“. Музиката за претставата е дело на познатиот македонски режисер Тодор Скаловски.

„Диоген шетал по земјата во потрага по човек. Во оваа претстава ние го бараме помеѓу вас. Сета моќ е ваша! Ни требате будни и присутни! Ние не се плашиме да го кажеме она што го мислиме и гледаме и притоа да бидеме искрени и со отворено срце. Нашата сцена ќе биде судницата, а вие ќе бидете нашите судии“, порачуваат од „X Squared“.

Како танчери, покрај Јована и Бобан, се појавуваат уште и Дејан Битровски и Анастасија Данчевска од Скопскиот танцов театар, како и Илина Костовска и Јана Трајковска од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Гласовите во претставата ги позајмуваат Христијан Поп-Симонов и Марија Талеска. Претставата е поддржана од фестивалот „Цело е кога се има 30” и „Театар Чин 4 сцена 5“, Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ