„Колку убав погреб“ е драма која зборува за животот на бездомникот Ангел, кој живее од смртта на другите, хранејќи се од погреб на погреб. На еден погреб, тој ќе ја запознае девојката Марија и нивните животи ќе се променат засекогаш. Апсурдна приказна за една искрена љубов во едно труло општество, полно со омраза и предрасуди.
Сценографијата е на Ристе Мицевски, а играат Јасмин Рамани, Ивана Стамевска, Ристе Мицевски, Елена Ѓорѓевска, Огнен Велевски, Петра Ивановска, Сара Николовска и Марјан Анѓеловски.
Претставата е поддржана од Министерството за култура како проект од национален интерес од областа на драмската дејност за 2021 година.






