сабота, 30 мај 2026

„Сестри“ од Дума национален кандидат за „Оскар“

Објавено на

часот

Сподели

„Комисијата на Друштвото на филмските работници на Македонија донесе одлука филмот ‘Сестри’ во режија на Дина Дума, да биде национален кандидат на Република Северна Македонија за оваа награда за 2022 година. Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот: „Исчезнатиот” во режија на Арбен Тачи“, информираат од Друштвото на филмски работници.

Комисијата беше во состав: Дејан Димески – кинематографер и претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ – Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитор и Дритон Вејсели – актер.

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 27 март 2022 година, во Лос Анџелес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ