Белмондо – наречен Бебел од француската публика – стана една од најголемите ѕвезди на киноблагајните во земјата во 60-тите и 70-тите години, а неправилните црти на неговото лице беа во остар контраст со извајаниот лик на неговиот ривал и понекогаш и соработник Ален Делон.
Како и Делон, Белмондо беше клучна фигура од извонредната генерација што снимаше европски филмови во тој период, а серијата филмови што ги сними со славниот режисер Жан Лук Годар, меѓу кои „Жената е жена“ и „Лудиот Пјеро“, оставија неизбришлив белег.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=NbAMIHLciGk autoplay:0]Претпочиташе да се концентрира на француската кинематографија, проширувајќи ја врската со Годар со „Жена си е жена“ во 1961 година, и развивајќи друга со Жан-Пјер Мелвил, омилен кај критичарите на Новиот бран, кој имаше камео-улога во „Без здив“.
Белмондо ги специјализира улогите на гангстери и никаквеци, иако постигна голем хит во 1962 година со Картуш, играјќи префинет мечувалец од 18 век, со Клаудија Кардинале.
Белмондо е роден на 9 април 1933 година во предградие на Париз.
Улогата на ситниот гангстер Мишел во култното дело на Годар „До последен здив“, тогаш 26-годишниот Белмондо преку ноќ ќе го вивне во ѕвездите.
Во текот на 1960-тите и 1970-тите години, името на Белмондо беше гаранција за успех на филмот.
Тој беше омилена филмска ѕвезда низ целиот свет, а има глумено во речиси сто филмски наслови, меѓу кои се „Професионалецот“, „Чочара“, „Човекот од Рио“, „Аферата Стависки“, „Ас над асовите“, „Борсалино“, како и четириесетина театарски улоги.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=hqCu8j9H0J8 autoplay:0]





