понеделник, 20 април 2026

Неум ‒ Интернационален подводен филмски фестивал 2021

Објавено на

часот

Сподели

Иво Микулиќ, автор и основач на подводниот филмски фестивал „Неум“, вели: „Имаме одлични реакции и голем број апликации од автори од целиот свет за натпреварувачкиот дел на фестивалот за подводни филмови „Неум“. Во моментов броиме над 250 регистрирани филмови. Нашата цел е да размениме искуства и нови практични знаења, како од авторите, така и од пошироката целна јавност. Нашата задача е преку подводниот филмски фестивал да го зајакнеме и да го поддржиме општеството во врска со еколошки активности и спречување на загадувањето на реките, морињата и крајбрежјата.“

Како што веќе знаеме, подводниот филмски фестивал „Неум“ ќе биде европски центар на подводни филмови, а според организаторите, филмовите доаѓаат од Босна и Херцеговина, Хрватска, Шпанија, Франција, Италија, Холандија, Индија, Иран и од многу други земји. Услов за пријавување на фестивалот е филмот да е сниман, најмалку 50 % од времето, под вода, море, езеро, базен, река и слично. Организаторите велат дека ѕвездите на овој фестивал се токму креаторите на овие филмови, заедно со публиката. Тие сакаат фестивалот да се одржи во живо, но доколку во меѓувреме се донесе одлука за забрана за собирање, во тој случај фестивалот ќе биде одржан онлајн.

Првиот подводен филмски фестивал ќе прогласи: Најдобар филм на фестивалот, Најдобар БХ подводен филм, Најдобар еко-филм, Најдобра музика и Најдобра камера.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ