сабота, 30 мај 2026

Алек Болдвин се огласи по несреќата на снимањето на филмот: Срцето ми е скршено

Објавено на

часот

Сподели

Тој на Твитер објави дека е во контакт со нејзиниот сопруг и понудил поддршка.

„Срцето ми е скршено поради нејзиниот сопруг, нивниот син и сите кои ја познаваа и сакаа Халина“, напиша тој.

Хачинс (42) е застрелана на снимањето на вестерн филмот „Раст“ додека работела како директорка на фотографија.

„Нема зборови со кои можам да го изразам шокот и тагата за трагичната несреќа што го однесе животот на Халина Хачинс, сопруга, мајка и наша колешка на која длабоко ѝ се восхитуваме“, напиша тој на Твитер.

„Целосно соработувам со полициската истрага за да се реши како дојде до оваа трагедија“, додаде тој.

Откако испука куршум од реквизит, актерот Алек Болдвин (68) на филмскиот сет во Ново Мексико во четвртокот ја уби Халина Хачинс и го повреди режисерот Џоел Соуза, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил за време на снимањето на филмот „Раст“, се вели во соопштението на шерифот на округот Санта Фе.

„Канцеларијата на шерифот потврди дека две лица биле застрелани за време на снимањето на Раст. Директорката на фотографија Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48) биле застрелани кога продуцентот и актер Алек Болдвин (68) испукал истрел од реквизит“, се вели во полициското соопштение.

Хачинс со хеликоптер била префрлена во Универзитетската болница во Ново Мексико, каде била констатирана смрт, додека Соуза со возило на брза помош бил пренесена во регионалниот медицински центар Кристус Сент Винсент.

Истрагата е во тек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ