петок, 17 април 2026

Заедничка изложба на Јулија Поциуте и Владимир Илиевски

Објавено на

часот

Сподели

Јулија Поциуте е современа литванска уметничка позната по нејзините инсталации со мешани медиуми, односно инсталација помеѓу видео арт, скулптура, дизајн елементи и фотографија. Таа завршува ликовна академија во Вилнус ( Литванија) во 2007 година. Јулија организира повеќе самостојни изложби во Литванија и надвор од неа (Финска, Данска, Германија, Португалија, Италија…). Нејзините дела се составен дел од колекциите во музеите во Данска, Шпанија и Литванија.

Владимир Илиевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2012 година, отсек сликарство, во класата на Вело Ташовски, Свето Манев и Благоја Маневски.

Илиевски досега има реализиеано девет самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, еден во Скопје, а другиот во Струмица. Член е на ДЛУМ од 2012 година.

Како позначајна награда, од неколкуте кои ги има добиено, е наградата „Вангел Коџоман“ за најуспешна реализирана изложба на ДЛУМ за период 2011- 2013 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ