петок, 22 мај 2026

Внукот – Блаже Конески

Објавено на

часот

Сподели

Внукот

 

Еве стапува на сцена мојот внук,

уште непрооден,

тукушто испилен од рулче,

со седум месеци

и, машала, со цели десет килца.

Внуче, пред да се исправиш на двете ножиња,

лапај! И потоа лапај!

Вкуси го тоа што јас одамна сум го изумил:

воздухот со непца, јазик, носе и гради,

светлоста — со веѓи, клепки, белки и зеници,

храната со сето грлце дури до мешето,

водата — со сето снаже што пека за прохлада,

миризбата, топлината и сето друго исто така!

Внуче, не мисли за ништо друго,

зошто ти е тоа мислење!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ