недела, 19 април 2026

Промоција на книгата „(И)стории од долапот – избор од македонската народна еротика“

Објавено на

часот

Сподели

Во книгата се презентирани македонски еротски приказни, песни, гатанки и пословици, со исцрепен предговор на проф. д-р Ана Мартиноскa.

„Книгата е значаен придонес во македонската фолклористика и претставува осветлување на овој не многу истражуван феномен од народната традиција“, посочуваат од КИЦ-Скопје.

Книгата ќе ја промовираат, Лорета Георгиевска Јаковлева и Мишел Павловски, а извадоци од книгата ќе чита Предраг Павловски.

Ана Мартиноска (Скопје, 1972) е професорка, научничка во областа на фолклорот, литературата и културата, колумнистка на родови и културолошки теми, феминистка и активистка за родова рамноправност.

Учествувала со самостојни прилози во бројни национални и меѓународни научно-истражувачки проекти, како и ја голем број научни конференции и симпозиуми. Реализирала повеќе научни и стручни престои, од кои се издвојува докторскиот престој на Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија во 2004.

Мартиноска ги има објавено книгите: „Поетиката на македонските народни гатанки” (2002), „Голиот на гости – Антологија на македонскиот еротски фолклор” (2007), „Митот и ритуалот во македонскиот фолклор – релации и проникнувања” (2008), „Конески и фолклорот“ (2012), „Културни парадокси (Родот, етницитетот и идентитетот во фолклорот и литературата)“ (2014), „Културна фабрика (Огледи за родот, градот и популарната култура)“ (2018) и „(И)стории од долапот: Избор на македонска народна еротика“ (2020). 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ