четврток, 9 јули 2026
Рајко Пеколски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Kратки вести

Повести за многупоучните бесрамно бесмислени и несомнено вистинити авантури на многунепочитуваниот даночен обврзник потрошувач гласач и дисциплиниран пушач Неговото граѓанско Височество - граѓанинот Шљупков и за тоа како тој виде посведочи и доживеа многу згоди и незгоди во Апсурдистан и северно од него извлекувајќи високопоучни слова за граѓанските доблести на послушноста политичката коректност јавниот ред и морал правото и демократијата или скратено – таму негде јужно на север.

Апсурдистан продолжува да дава значаен придонес во зачувување на светскиот мир преку одржување на воени вежби со своите партнери. Самото име на најновата во оваа серија воени вежби, „Решителен прдеж“, впрочем, говори за одлучноста на Апурдистан да биде важен столб во сочувувањето на светската демократија, кое оди рака под рака со примената на најсовремена воена технологија.

Во меѓувреме, од најважната општествена институција, кафеаната, смируваат: тавче-гравче ќе има!

Од денеска, Владата на Апсурдистан ја започнува кампањата „младите се исцелуваат во Апсурдистан“ како одговор на гласините дека младите се иселуваат од Апсурдистан. Овие, гласини, кои се крајно штетни и несериозни – се вели натаму во соопштението – сериозно го нарушуваат угледот на Апсурдистан пред домашните и белосветските експлоататори на трудот, кои се клучни фактори во зачувувањето на меѓуизродни… пардон, меѓународниот поредок и човековите права.

А токму во знак на унапредување на демократијата и човековите права, неколку високи владини функционери на Апсурдистан штрајкуваат со прејаденост во знак на солидарност со аздисаните критики упатени против светскиот капитал. Добивме најново известување дека им се приклучиле и неколку опозициски функционери, како и невладини активисти од Здружението за заштита на правото на капиталот да аздисува на сметка на работниците во име на финансискиот диверзитет.

Прогноза за времето: неумерено облачно, со многу грмежи. Сонцето ќе изгрее на запад во 5.40 наутро, а за да зајде на исток, сѐ уште чека безбедносни гаранции. Откако ветрот, повикувајќи се на својата т’га за југ, веќе неколку недели одбива да дува од северен правец, прогласен е за неумерен и издадена му е времена забрана за дување. Во меѓувреме, најавен е штрајк на Месечината заради неисплатени месечни плати и надомест за работа во трета смена. Од Здружението на работодавци на небесните тела на Апсурдистан излегоа со контрабарање на Месечината да ѝ се наплаќа небарина за да свети.

Завршуваме со хороскопот за денес: Јупитер го начека Сатурн во куќата на Марс заедно со Венера. Ништо арно нема да излезе од тоа!

Рајко Пеколски

КОЛУМНИ

Билјана Ванковска

„Ние сме во добра состојба“: Европа и опасната илузија на нуклеарната...

Џефри Д. Сакс

250 години САД: Време е за враќање кон мудроста на основачите

Александра Сабрас Апостолова

Унапредување на дневните центри за деца

Јове Кекеновски

Таравари и „патолошкото“ неразбирање на македонската реалност

Драган Даниловски

Како климатските промени и векторите ја менуваат епидемиологијата на заразните болести

Филип Клетников

Нихилизам 2.0?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ