ГАЛЕРИЈА
Во Битуше за Водици главната улога ја имаат жените-кумстарки
Празнувањето на Водици во Битуше со векови минува во знак на жените, кумстарки, кои се облечени во оригиналните народни носии. Ова уникатно празнување во 2019 година е прогласено за културно наследство од исклучително значење. Кумстарките со таблите на глава, во кои има домашен леб, одат во поворка низ селото до црквата и пеат водичарски песни за здравје и благодет. Во песните се споменуваат машките членови на семејствата. Со ова се отсликува минатото на селото кога повеќето од мажите заминувале на печалба, а жените останувале и ги одржувале домовите и семејствата. Со пеењето песни, жените им посакувале здравје на мажите гурбетчии. Кумстарките лебот го оставаат во културниот дом, каде мажите ги сечат лебовите и се подготвува храната. На софрата најпрво седнуваат жените, а по нив ручаат и мажите.
Фото:
Роберт Атанасовски