сабота, 2 мај 2026

Полицијата во Тетово пронајде дрога при акциска контрола во угостителски објект

Вчера во периодот од 21:20 до 23:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во повеќе угостителски објекти.

Објавено на

часот

Сподели

При контролата, во угостителски објект на улицата „Димо Гавроски Кара“, во тоалетните простории биле пронајдени мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја, кеса со бела прашкаста материја и фолија со марихуана.

Со сопственикот Е.Б. и вработениот Е.Е. бил извршен службен разговор во полициска станица.

Пронајдените предмети се подигнати за вештачење, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ